About
Со оглед на тоа што живееме со забрзано темпо на дејствување во прилично стресно секојдневие, сѐ поголем број на луѓе го пронаоѓаат својот мир и момент на релаксација во оваа древна наука, која е стара повеќе од 3 500 години.
Самиот збор Јога (соединување, унија) ни укажува на фактот дека целта на оваа дисциплина е да се соедини телото со умот, свеста со душата, да се постигне хармонија во живеењето и единство со своето внатрешно битие.
Со помош на јога вежбите и положбите потполно го раздвижуваме и истегнуваме секој дел од телото. Фокусирајќи се на секое движење кое го правиме во хармонија со дишењето и доживувајќи ја положбата во која што сме - го смируваме умот и стануваме свесни и присутни во сегашниот момент, единствениот момент во кој навистина живееме.
Благодарение на правилното дишење ја снабдуваме секоја клетка од нашето тело со кислород, па така стануваме повитални а кожата поеластична. Го опуштаме рбетниот столб и вратот и на тој начин доаѓа до опуштање на мускулатурата на овој дел од телото, како и до намалување на стресот.
Доколку редовно вежбаме јога, во нашиот организам доаѓа до следните промени:
- ја ослободуваме енергијата (Prana) да струи рамномерно низ секој дел од нашето тело
- се намалува и отстранува напнатоста во мускулите, грбот и вратот
- се намалува и отстранува стресот
- се подобрува сонот
- се нормализира крвотокот и работата на срцето
- се регулира системот за варење на храна
- се зајакнува и смирува нервниот систем
- се зајакнува имунолошкиот систем
- ја зајакнуваме самодовербата, помнењето и концентрацијата
- се зајакнува рбетниот столб, мускулите и зглобовите
Како до подобар ефект во јогата?
Откако се запознавме со воведниот дел за јогата, придобивките од редовно вежбање како и основните информации кои ни се потребни пред да започнеме со практицирање, добро би било да ги знаеме и техниките кои се составен дел на оваа дисциплина, како би можело да се постигне целосен ефект од вежбањето.
Асани – телесни положби
Овие вежби ни го ослободуваат телото од напнатоста, не прават подвижни и еластични, не полнат со енергија и не подмладуваат. Целта е да достигнеме баланс во опуштеноста и активноста на нашето тело. Благодарение на целосното раздвижување се подобрува циркулацијата на крвта и се балансира виталната енергија во телото. Секоја положба има своја намена, па така веќе одамна овие асани и техники се користат за да се подобри состојбата кај различни здравствени нарушувања, како на пример дигестивните проблеми, високиот крвен притисок, ишијас, несоница, срцеви заболувања, астма, ревматизам, разни ‘рбетни деформации и др. По изведувањето на асаните се забележува чувство на виталност, нашето расположение се подобрува и се чувствуваме прочистено.
Пранајама – техники за контрола на дишењето и виталната енергија
Зборот прана всушност значи животна, енергија која го опфаќа селиот космос, додека пак јама значи контрола. Па оттука може да заклучиме дека пранајамата претставува збир од техники со чија помош се стимулира животната енергија и со редовно изведување постигнуваме совршен проток на праната во телото. Целта на овие техники е да научиме правилно да дишиме, да ги прочистиме енергетските канали и да постигнеме физичка и ментална стабилност.
Шаткарма – техники за прочистување
Со овие техники се отстрануваат акумулираните токсини од носните канали, дишните патишта, дигестивниот канал, телесните празнини итн. Овие техники го прават телото поздраво и поотпорно, а се изведуваат само со надзор на јога инструктор.
Самоконтрола
Иако звучи едноставно, ова можеби е една од потешките техники, која доколку ја усовршиме и започнеме да ја применуваме во секојдневието, ќе забележиме големо подобрување во квалитетот на нашиот живот. Преку постепена релаксација, свесно се ослободуваме од напнатоста и мислите кои предизвикуваат немир и напнатост во нашето тело. Се забележува пријатно чувство, емоционално ослободување, оптимистичко размислување и ведрина. Овие техники особено помагаат кај лица кои се под стрес, лица кои имаат висок крвен притисок, срцеви заболувања и воопшто – кај сите кои сакаат да постигнат хармонија во секојдневното дејствување.
Медитација
Техниките за концентрација и медитација се од суштинска важност доколку сакаме да го смириме умот и да постанеме потполно свесни и присутни во сегашниот момент.
Со нивна помош вистински се запознаваме самите себе си на посуптилно ниво и ги осознаваме нашите ограничувања. Без разлика дали се работи за телесни, умствени или емотивни, овие бариери не спречуваат да живееме и дејствуваме во потполна хармонија со самите себе и со сѐ она што не опкружува. Целта на овие техники е да ни помогнат да ги совладаме и отстраниме ограничувањата, да ја ослободиме енергијата и да не поттикнат да се стремиме кон повисоки спиритуални доживувања.
Препорачливо е и деца да вежбаат јога бидејќи на тој начин доаѓа до правилно оформување на телото, се учат вистинските вредности за животот, се подобрува концентрацијата и се зајакнува самодовербата.
Целта на јогата е да ве опушти и реласкира, па затоа вежбите се изведуваат умерено, без форсирање и брзање.
Со динамични јога вежби доаѓа до лачење на пот, што е добар знак, бидејќи на тој начин го прочистуваме организмот од токсини и непотребни материи и ја забрзуваме циркулацијата во телото.
Иако нема ограничувања во врска со возраста и полот на оној кој сака да вежба јога, добро би било претходно да се консултирате со вашиот доктор.
Amenities
- Available:residential
- Available:free internet
- Available:free wifi
Rating
No reviews yet
Write a ReviewDo yoga with us
Teachers
Featured Events
-
Samasthala Yoga October 2023 200-Hour Teacher Training, BaliOct 1 to Oct 20
-
-
RESET YOGA RETREAT PORTUGAL//22nd till 29th of MARCH, 2024Mar 22 to Mar 29
Places Nearby
- Yoga House 1.6 Mi
- Maitri Yoga 1.6 Mi
- Gaya Yoga 2.5 Mi
- Inside Yoga 1.6 Mi